Зголемување на пензиите, но и финансиска помош за пензионерите – најави Ковачевски

Веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни, а притоа можна е и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Веќе работиме на анализи коишто ќе бидат презентирани преку дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионери, заинтересираните страни и институциите на државата. Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите, бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата да имаат достоинствени пензионерски денови“, рече Ковачевски на новинарско прашање, за време на неговата посета на Росоман по повод закројувањето на лозјата.

За Ковачевски, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите е „паушален“, бидејќи, како што рече, не бил базиран на никакви анализи и методологија.

Извор: МИА

- Реклама -