Убавата актерка Џесика Алба со сопругот Кеш Ворен и двете ќеркички Хонор и Хавен го помина викендот на плажа во Малибу.
Згодната славна мајка го привлече вниманието во вилоетовото бикини, а за уште подобар изглед облече наметка со тропски принт, шешир и очила за сонче.
Ова славно семејство дефинитивно изгледа како од реклама! Но, Џесика призна дека многу напорно работела за да го врати стариот конфекциски број 36 по второто породување.
„Да бидеме реални. Веќе немам 14 години. Мислам дека ако се потрудиме да се откажеме од нереалните идеали ќе бидеме посреќни. Имам целулит, стрии и сало на стомакот“, признала 32-годишната Алба, но судејќи според последните фотографии таа навистина нема за што да се грижи.