Згодната Сара му го скршила срцето на Роберт Дауни

 Роберт Дауни Џуниор признава дека бил скршен по разделбата со Сара Џесика Паркер. Ѕвездата од „Железен човек”, чија сопруга Сузан Дауни го очекува своето второ дете, беше во врска со ѕвездата од „Сексот и градот” седум години, откако се запознале на сетот на филмот „Првороден син” во 1984 година.

sarah-jess-520418

Во 1991 година Сара го напушти поради неговата силна зависност од дрога.

 

Запрашан дали русокосата убавица го скршила неговото срце, актерот изјави:

„Никогаш не сум бил човек кој признава што му се случува, но секако, кога си со некого седум години, од 18-тата до средината на 20- тите, тоа е нешто големо “.

a_4x

 

49-годишниот Дауни Џуниор сепак е категоричен дека нема непријателство помеѓу него и Сара.

„Ќе се обидам да се сретнам со неа, додека сум во Њујорк. Многу би сакал”, изјави тој.

1110694-archives-robert-downey-jr-et-sarah-950x0-2

- Реклама -