Жешки девојки позираат со погребални ковчези

Сексот продава, а отсега и погребална опрема.

Не, ова не е шега. Кога мислевме дека веќе нема простор за изненадувања во сферата на маркетинг преку секс, група маркетинг генијалци од Полска изникнуваат со календар во кој речиси голи убавици позираат на погребални ковчези.

Полскиот производител на погребални реквизити, Linder, стои зад оваа маркетинг егзибиција, чиј почеток датира од 2010-тата, со цел да се разведри „смртно-сериозниот“ став на човештвото кон нивните ковчези. А да, и со цел да ги рекламира, се разбира. Прекрасно дрво со прекрасни жени -звучи добро, нели?

Очекувано, календарот наиде на негодување од религиозните здруженија, кои тврдат дека сексот и смртта не треба да се мешаат заедно. Настрана религијата, оваа идеја и желбата да се разведри атмосферата и не е така чудна кога ќе помислиме како им е на вработените во едно претпријатие за погребална опрема. Од друга страна, компанијата тврди дека целиод приход од продажбата на календарите ќе го донира во добротворни цели.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Така, ако имате пријател што се восхитува на ковчези и убави жени, а притоа сакате да направите нешто хумано, календарот е веројатно најдобриот избор за новогодишен поклон.

13 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

 

- Реклама -