Не би ни верувале колку ситни валкани детали вашиот партнер е подготвен да сподели со неговите пријатели. Не станува збор за сексот и вашите интимни моменти, туку за секојдневните работи, како и смешни ситуации. Дознајте кои три тајни вашиот сакан редовно ги споделува со пријателите.
1. Депилирање на надусниците
Сите сакаме мажите да мислат како се будиме совршени, па би било подобро работите да останат такви какви што досега беа. Меѓутоа, за мажите и после неколку години заедничко живеење или врска, таквите работи се толку неверојатни и интересни што не можат а да не ги споделат со пријателите.
2. Вашите кавги
Не е убаво кога знаете дека вашиот маж само неколку часа после жестоката кавга им ја прераскажува неговата верзија за целиот настан, но бидете искрени и признајте си дека и вие го правите истото. На секого му е понекогаш потребно рамо за плачење, така што нема ништо лошо во споделувањето на маката со најблиските пријатели.
3. „Ми се посреќи“
Без обзири на тоа дали сте заедно три дена или три години, мажите сакаат да се пофалат како баш синоќа им се посреќило. Иако ваквите разговори на девојките и тоа како им пречат, сепак, морате да се помирите со фактот дека тие се честа тема во машките друштва. Но, тие не го прават тоа со цел да ве понижат, туку за да потсетат на нејзината машкост.