Ако една жена има тетоважа на телото, многу поверојатно е да влезе во спалната соба на мажот уште на првата средба, покажува новото истражување на француски специјалисти.
Група на експерти спроведоа анкета на плажите на Бретања. 11 студентки, кои се сметаат за најатрактивни од вкупно 58 учеснички, посетиле плажа 20 пати. За тоа време десет пати тие носеле привремени тетоважи на грбот , а останатите пати биле со природен изглед. Според истражувањето мажите повеќе ги загледувале во моментите кога ја имале на себе тетоважата.
Група од 400 мажи била замолена да одговара на некои прашања за жените – дали би се сретнале со некоја од учесничките и со кои од нив сакаат да имаат секс. Мажите биле замолени да ја проценат атрактивноста на девојките.
Резултатите се јасни – жените со тетоважи се попривлечни и пожелни за спротивниот пол. Според мислењето на мажите тие се лесни за додворување и е поверојатно е да се согласат за еротски предлози уште на првата средба.