Сексуално задоволните жени се познаваат по одењето

Оргазмот ги опушта повеќето групи мускули, го подигнува нивото на менталното здравје и го намалува стресот, а сето ова може да се забележи по начинот на кој жените се движат, покажуваат новите истражувања.

По сексуалниот однос луѓето се чувствуваат многу полесно и посреќно, а жените кои редовно доживуваат вагинален оргазам, поизразено мрдаат со колковите кога одат, тврди последното белгиско истражување. Исто така, резултатите велат дека тие пешачат поживо и поенергично, а чекорите им се подолги поради зголемената подвижност на карлицата.

Истражувачите нагласиле дека дури и обичен минувач може да забележи дали една жена е сексуално задоволна, според тоа дали нејзиното одење е енергично, сензуално, слободно и опуштено.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Студијата опфатила здрави и сексуално активни жени во две категории. Првите во блиското минато редовно доживувале вагинални оргазми, додека, пак, вторите ги доживувале многу ретко или речиси никогаш. Истражувачите успеале со точност од дури 80 отсто да погодат во која категорија припаѓале жените, притоа само гледајќи ги нивните движења.

Сепак, истражувачите нагласиле дека разликите во одењето кај жените се однесуваат само на вагиналните оргазми, не и на клиторичните.

- Реклама -