Каква моќ има бојата, а особено црвената, уште еднаш покажуваат новите истражувања, а резултатите донесоа изнедаувачки заклучоци. Келнерките кои носат облека со црвена боја добиваат повисоки и почести бакшиши од оние чија облека е во некоја друга боја.
Во истражувањето објавено во магазинот Journal of Hospitality and Tourism Research, истражувачите од Универзитетот во Јужна Бретања, Франција се упатија во пет ресторани, и спроведоа 11 келнерки облечени во исти маици во различни бои – црна, бела, црвена, сина, зелена и жолта. На келнерките им беше кажано кон гостите да се однесуваат потполно исто, без разлика на тоа која боја на маица ја носат.
Конечниот резултат бил и повеќе од интересен. Имено, кога носеле црвени маици, келнерките од машките гости добивале од 14,6 до 26,1 отсто повисоки бакшиши. Меѓутоа, бојата на облеката не правела разлика во бакшишот што го оставале женските посетители.
Истражувачите кажуваат дека причината за оваа појава е тоа што мажите ги привлекуваат жени во црвена облека и сакајќи да бидат забележани од келнерките што носат црвено, оставаат повисоки бакшиши.
Ова истражување не е прво кое покажало дека носењето црвена боја е сигурен рецепт за повисоки бакшиши кај келнерките. Неодамна во истражување кое го спроведе Huffington Post, истиот тим отрки дека келнерките кои носат црвен кармин добиваат поголем бакшиш од машките постители. Други истражувања, пак, покажале дека, генерално жените кои носат црвена боја се значително попривлечни за мажите.