Пратеникот на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промена, Фадил Зендели на денешната прес-конференција обвини дека вчера пратениците на ДУИ во соработка со пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица доделиле околу милијарда денари, речиси за сите општини, главно за оние на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но гласале против поделбата на проектите во два главни градови на Албанците, во општина Тетово и во општина Чаири.
-На злото на ДУИ му нема крај. Само за да останат на власт, тие се подготвени да ги остават населените места кај што живеат албанци, неизградени и уште повеќе да осиромашуваат, да ги блокираат сите можни инвестиции и сите буџетски пари да ги испратат само во други општини само за да се одмаздат на албанската опозиција. Замислете, ДУИ и другите албански партии на власт, вазали на СДСМ , блокираа 15 милиони денари за општина Тетово, за реализација на Проектот кој предвидува поставување заштитни огради на реката ПЕНА. Пратениците Албанци на Владата, како потчинети на СДСМ, не го поддржаа проектот на општина Чаир, во износ од 12 милиони и 700 илјади денари, со кој се предвидува реконструкција на водоводната мрежа и атмосферска и фекална канализација во населбата Дижон во Чаир, рече Зендели.
За мислењето да биде појасно, рече Зендели, околу една милијарда денари што останале во Буџетот како нереализирани, кои биле доделени на општините, по број на население, општина Тетово и општина Чаири би требало да добијат околу 1,5 милиони евра иако за двата горенаведени проекти овие општини побарале многу помалку пари, околу 450 илјади евра, пратениците на ДУИ и нивните партнери во власта ги одбија овие проекти само затоа што, како што посочи, овие општини ги раководат кадри од албанската опозиција.
-Замислете, додека владата ги дели преостанатите буџетски средства за сите општини во државата, ДУИ ги блокира проектите во двата важни општини за албансите, во Чаир од каде што е првиот вицепремиер Артан Груби и во Тетово од каде што министерот за финансии Фатми Бесими. Ова е вистинското лице на ДУИ, која е подготвена да ги направи сите инвестиции во општини каде што нема албанци, па дури и да соработува со оние кои постојано ги нарекува зло на државата, само за да остане на власт. Но, изборите ќе дојдат наскоро, а со кој лик ќе излезат ДУИ, Артан Груби, Фатмир Бесими и други и ќе ги побараат гласовите на Албанците во Тетово и Чаир, рече Зендели.