Жена му го запоставила, па нарачал проститутка

Бугаринот Неделко Карев (не е познато дали има комитско/даскалско потекло) бил подолго време запоставен од неговата жена Нада со која бил во брак 6 години. Нада работела како касиерка и посетувала курс по англиски. Многу често, 5 дена во неделата. И како што вели Зигмунд Фројд, сексот е основна потреба на човекот, па Неделко откако подолго време користел лубриканти и интернет, собрал храброст и се решил да си ја почести душичката со масажа. Се јавил на оглас за еротски масажи и закажал средба во хотел. Жив среќен, со нетрпение чекал да се појави “масажерката” во хотелот. Во собата на хотелот, по кратко чекање, се појавила жена му Нада.
Нада му признала се! Дека сакала повеќе пари, дека нејзина пријателка ја вовела во занаетот на ескорт-дама а подоцна и во проституција и дека не сака да се разведе од него! Како реагирал Неделко не се знае, но ние му препорачуваме да најде утеха во сличниот настан во Нигерија кога на врата се појавила нечија ќерка!

- Реклама -