Вчера вечер во Музејот на современа уметност се одржа првата модна ревија на брендот ЗЕН, кој креира облека за лица со попречносот. Тие вчера вечер гордо продефилираа на пистата во улога на манекени и ја претстваија првата колекција од ваков тип во земјава и регионот.
– Покажавме уште еднаш, на сосема нов начин дека различностите се нашето богатство, велат од тимот на ЗЕН
Во општество во кое дури 20% од населението се лица со попреченост, едно лице со просечен животен век од 75 години, би потрошило дури една година од својот живот само на облекување и дотерување. ЗЕН брендот ќе го намали времето потребно за облекување до 50%, а дотерувањето и подготвувањето ќе им го трансформира во искуство кое ќе претставува уживање и животна радост.
Креативниот тим на ЗЕН го сочинуваат и Ена Зафировска- Трајкова и Сара Величковска две модни надежни креаторки кои што завршиле образование надвор од Македонија.