Земјотресот во Непал го помести Монт Еверест?

Скорешното геолошко истражување покажа дека земјотресот во Непал бил толку силен, што предизвикал врвот Монт Еверест да ја смени насоката.

Најголемата планина на светот лежи на границата меѓу Кина и Непал, но и на границата меѓу Евроазиската и Индиската тектонска плоча. Токму затоа, врвот отсекогаш се движи во одредена насока, попрецизно, кон северо-исток.

Но, според истражувањето на Кинеската Национална администрација за истражување, мапирање и геоинформација, јачината на земјотресот што го погоди Непал во Април била толку голема што Еверест се поместил за околу 3 сантиметри, и тоа во спротивен правец од оној во кој се движел претходно.

everest

Земјотресот од 7.8 степени по Рихтер уби речиси 9.000 луѓе и разруши делови од Непал, Индија, Кина и Бангладеш. Трепетот предизвика и лавина на Монт Еверест, во која загинаа 18 луѓе, а беа оштетени и алпинистичките „патеки“ и рути. Како последица на тоа, властите прогласија крај на алпинистичката сезона за 2015-та.

- Реклама -