Гоце САФ, „Џун“, „Новиот почеток“, „Сетсат џез“ со Мирко Попов, „Смат“, Телемама и Тони Димитров се имињата што ќе настапат на четвртото издание на фестивалот за независна музика „Земјотрес“ што ќе се одржи во Младинскиот културен центар, на 6-ти февруари.
И годинава, освен музичката програма, во холот на МKЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендови.