Земјоделие на Марс

МарсИстражувачите на Марс ќе можат да користат комплицирани механички системи за производство на кислород и филтрација на отпадни материи, и да користат храна понесена од Земјата. Или можат едноставно да избегнат многу мака и да ја одгледуваат храната таму.

Истражувачите на Марс ќе можат да користат комплицирани механички системи за производство на кислород и филтрација на отпадни материи, и да користат храна понесена од Земјата. Или можат едноставно да избегнат многу мака и да ја одгледуваат храната таму.

МарсСимулација на ефектот на гравитацијата на Марс врз текот на водата, динамиката на хранливите материи и микробите, наведува кон заклучок дека сериозно може да се размислува за ваква опција. „Од гледна точка на биогеохемија и хидраулика, сигурен сум дека може да успее“ изјавил Фредерико Маџи, биогеохемичарот од сиднејскиот универзитет кој ја спровел симулацијата. Садење на растенија во почвата на Марс може да им се чини старомодно на оние кои пораснале со футуристички концепти како хидропонично и аеропонично земјоделие, каде што растенијата растат од течност или магла полна со хранливи материи без присуство на почва. Но во последните неколку години биолозите ја препознаваат важноста на одредени микорби кои живеат во почвата за корењата и одредени процеси кои се одвиваат во почвата.

Но, постојат многу непознати кога се зборува за биологијата на вонземското земјоделство. Меѓу најважните е прашањето како пониската гравитација ќе влијае врз текот на водата и хранливите материи, а со тоа и врз микробите. Потребно е само да се донесат водата и хранливите материи до растенијата, по што растителните системи ја преземаат должноста.

„Ако има ниска гравитација, водата нема да тече со иста брзина. Транспортот на хранливи материи исто така ќе биде побавен. Ако хранливите материи не стигнат до микроорганизмите на корењата, тие ќе се угушат“ додал Маџи.

Според симулацијата, побавниот тек на водата всушност е добра работа, бидејќи се избегнува губење на водата и азотот кој таа го собира поради пребрзото впивање во почвата. Со една третина од земјината гравитација, како на Марс, би биле потребни 90% помалку вода отколку во стакленик на Земјата. Исто така и помалку азот. Симулираните бактерии вирееле со зголемената количина на хранливи материи, и достигнувале густина пет до десет пати повисока од вообичаената.

Според Рејмонд Вилер, физиолог за растенија кој работи за НАСА, повеќето вонземски истражувања со растенија се фокусираат на хидропоника и вештачка почва, бидејќи со тоа се олеснува тестирањето и дозволува рециклирање на водата и хранливите материи. Но, и вистинската почва може да има одредени предности, меѓу кои и подобро разградување на отпадни материи и природна заштита од недостиг на вода или дефект на опрема.

За да се тестираат резултатите од оваа симулација, мора да се отиде на Марс, но проблемите кои НАСА ги има со финансирањето може да го одложат овој сон. Но, и покрај тоа, се чини дека има светло на крајот од тунелот, зашто други програми, како Европската Вселенска Агенција, имаат намера да испратат луѓе на Марс до средината на овој век. [Mars Farming Gets Green Thumbs-Up]

- Реклама -