Земјо, преброј се

Светот во 1950 година изгледаше многу различно од тоа како изгледа денес. Европа беше дом на 22% од 2,5 милијарди луѓе во светот. Германија, Велика Британија, Италија и Франција се вбројуваа меѓу 12 најнаселени земји. Но силниот економски раст во Азија во комбинација со високата стапка на наталитет во Африка, придонесоа за голема регионална промена во светското население.

Најновата прогноза на ОН за светската популација е светот да порасне од 7,2 милијарди луѓе на 9,6 милијарди во 2050 година. Ова е 300 милиони повеќе отколку што претходно се проценуваше. Повеќе од половина од дополнителните 2,4 милијарди луѓе во 2050 година ќе бидат од Африка. Индија ќе порасне на 1,6 милијарди луѓе, а со тоа ќе го оствари својот план да ја претекне Кина во 2028 година.

Прочитајте и:  Земјата ќе добие привремена мини-месечина

До 2100 година ОН предвидуваат населението да достигне до 11 милијарди. Исто така, населението ќе биде многу постаро. Средната возраст се проценува дека ќе биде 41 година, за разлика од денес која е 29, и околу 28% од светот (речиси 3 милијарди луѓе) ќе бидат над 60 години.
20130622_gdc101

- Реклама -