Швајцарија е земја со највисока концентрација на милионери во светот, стана јасно пред неколку дена од извештајот на Boston Consulting Group (BCG).
Вкупно 135 од 1000 домаќинства во земјата поседуваат повеќе од 1 милион долари.
Бахреин, Оман и Сингапур се останатите три земји во светот, каде што повеќе од 10% од населението може да се пофали со слични средства.
Малку под 10 проценти се милионерите во Кувајт (9,9%) и Хонг Конг (9.4%).
Потсетуваме дека во САД според последните податоци има 6,9 милиони милионери, додека во Кина бројката се зголеми од 2,4 милиони, до 3.6 милиони.
Следат Јапонија, Велика Британија и Канада, за зад нив не заостануваат многу ни Германија, Тајван, Италија и Русија.