Земјата со само 27 имигранти

swap-japan-splash[1]

Со арно или со лошо, Европа се наполни со мигранти. Од другата страна на светот, на Далечниот Исток, ситуацијата е обратна. Зборуваме за Јапонија.

Ако се позанимавате со љубовта на Јапонија кон мигрантите, резултатот ќе биде очаен: Во 2015-та, Јапонија обработила 14.000 барања, од кои само 27 среќници добиле азил. Во 2014-та дури и упола – само 11 среќници.

Јапонците се традиционално конзервативно и хомогено општество, и тоа не е никаква тајна. Што ќе рече еден комичар, погледнете ги олимписките тимови. Во многу од тимовите на земјите ќе видите луѓе со секакво потекло. Можете ли истото да го речете за Јапонците? Веројатно така и ќе остане, затоа што Јапонија на мигрантите, особено на тие од Бангладеш, Индија и слични земји, гледа како на одметници.

Едно ланско истражување покажува дека Јапонија е на добар пат до 2060-та година да изгуби дури половина од работоспособното население, а со тоа и статусот на економска суперсила. Се шушка дека некои од политичарите веќе заговараат имиграциска револуција.

TX0925-6339[1]

Но дотогаш, 17-годишниот Гурсевак Синг е добар одраз на моменталната ситуација со дојденците во земјата. Роден е во Јапонија, зборува само јапонски, никогаш не поминал граница, и се дружи само со Јапонци. Но родителите му се Индијци, па Јапонија не го сака.

Досега има испратено 50-тина писма до релевантните јапонски министри во последните 7 години, сите напишани на течен јапонски. Ниту еднаш не добил одговор.

„Миграцискиот завод ни кажа да се вратиме во Индија. Зошто мора јас, мојот брат и мојата сестра да се вратиме во земја во која не сме биле никогаш? Родени сме и пораснати во Јапонија“, пишува Синг во едно од своите писма.

TX0925-6786[1]За неговите родители, кои се преселиле од Индија во Јапонија на почетокот на 90-тите (со исправни визи), е уште потешко. Последните 15 години нивните барања за продолжување на визите се заглавени во фазата на процесирање, заедно со морето други барања без надеж дека владата ќе ги одобри. Во меѓувреме не смеат да работат, немаат здравствено осигурување, и за секое напуштање на домот мора да добијат одобрение од службата. Згора на тоа, постојано се мета на миграциските службеници кои им се закануваат со апсење. Околу 4.700 луѓе во Јапонија имаат сличен статус.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Статусот на Синг е нешто „подобар“. Смее да посетува државно училиште, ама за факултет може само да сонува. Кој ќе плати? Бидејќи и тој како и родителите не смее да работи легална работа, по завршувањето на средното училиште има само една опција – да работи на црно.

 Шинѕо Абе.
Шинѕо Абе.

Кога еден новинар од Reuters го запозна претставникот на Министерството за правда со приказната на Синг, неговиот одговор беше повеќе од студен.

„Тоа што е роден и пораснал во Јапонија, не му дава право на посебен статус. Законот е јасен и тоа момче е илегалец. Нема право да остане во нашата земја!“.

За разлика од него, поранешната министерка за правда – Кеико Чиби, смета дека Јапонија под итно мора да ја промени својата политика кон имигрантите. Но тоа нема да се случи во скора иднина, со оглед на тоа дека е една од ретките во Јапонија која размислува на тој начин. Премиерот Шинзо Абе, на пример, има дијаметрално спротивно решение за проблемот со недостиг на работна сила. „Имиграцијата не е решение. Решение е да се вработат повеќе жени и постари лица“.

Иронијата во целата оваа работа е огромна. Односот на Јапонија кон имигрантите е бесрамно дволичен. Многумина од нив, на пример, работат на изградбата на автопати и инфраструктурни проекти кои директно ги финансира Владата, се разбира, на црно. Така што, да, Владата ги сака, ама не ги признава за свои.

Извори: Точка / Ројтерс

- Реклама -