Земјата ќе ги преживее климатските промени, но не и луѓето

„ Стар Ток“ е радио програма, која што ја води американскиот астрофизичар Нил ДеГрејс Тајсон.Тој со своите гости разговара за астрономијата, физиката и животот во вселената.

Во една емисија објаснувал за влијанието на климатските промени на Земјата и човештвото,тврдејќи дека климатските промени се повеќе прашање за спасување на луѓето, а не на планетата, бидејќи таа ќе опстане и ќе продолжи да ротира околу сонцето, уште долго по изумирањето на човековиот вид.

Земјата со векови минувала низ промени под влијание на природните појави, како поместување на континентот, удар на астероид или ледено доба.

Тајсон објаснува дека развојот на растителниот живот ја променил атмосферата со производство на големи количини на кислород. Порано, кога дрвјата изумирале, настанала огромна штета бидејќи изумреле системите што отпуштаат кислород во атмосферата.

Прочитајте и:  Грета Тунберг: Климатската конференција на ОН во Баку е само „црн хумор“ наместо вистинска климатска акција

Тој смета дека човекот со своето однесување доведува до пропаст. Палењето и сечењето на дрвјата  е истиот оној процес кој што полека води кон изумирање.

Климатските промени поттикнуваат и гориво кое се заканува за создавање на клима која ќе ги потопи градовите на бреговите и зелената површина во пустелија.

– Земјата ќе го преживее ова. Чуѓе „чувајте ја Земјата“. Не, за неа не се грижете. Таа ќе живее уште долго откако сами ќе го режираме сопственото изумирање“.

- Реклама -