Земете ја црвената пилула

Ретко кој не ја изгледал популарната триологија (или макар првиот дел) и не останал маѓепсан од сцените со борбите и сознанието дека Кијану Ривс е „тој“…

„Земи ја сината пилула и тоа е крај на приказната. Ќе се разбудиш во својот кревет и ќе веруваш во што и да посакаш. Земи ја црвената и остани во земјата на чудата, а јас ќе ти покажам колку е длабока зајачката дупка…“

Не глумиме Морфеус, но ве повикуваме да дознаете некои занимливости за популарниот „Матрикс“.

kijanu1

Дали знаете дека сцената во која Нео бега од агентот, Кијану ја снимал без дублер? Онаа сцена на работ од 34. кат?

Дали знаете кои биле првите избори за главните улоги во Матрикс? Одговорот е Џони Деп, Бред Пит, Николас Кејџ, Леонардо ди Каприо, Вил Смит, Том Круз… сите тие ги одбиле улогите.

kijanu-3-glumci

Овој долг список на имиња не е готов – на него се наоѓа и името на францускиот актер Жан Рено, кој требал да биде агентот Смит, меѓутоа одбил за да глуми во „Гозила“.

„Програмот кој се повторува“, се сеќавате на приказната за „грешките“ во програмот која потсетува на „дежа ву“, е сцена снимена со близнаци. Тоа сигурно не сте го забележале, бидејќи сте се загледале во секси жената во црвено на улицата. Доколку го тргневте погледот од нејзиното деколте, ќе забележевте близнаци кои шетаат на улица. Човекот кој преминува улица и неговиот брат близнак во улога на полицаец, кој пишува казна, се во иста сцена.

kijanu5

Да биде уште поинтересно – сцената во која Нео повраќа кога се буди од „Матрикс“ е вистинска. Само не е во прашање „Матриксот“, туку расипаната пита со месо, која ја изел Ривс за појадок.

За крај, ги цитираме Њујорк Тајмс: „Дали сме спремни да ја земеме „црвената пилула“ како Нео во „Матрикс“, за да ја видиме вистината зад илузијата – да видиме „колку е длабока зајачката дупка“? Можеби сè уште не. Стигнати сме само до симулациската хипотеза. Но дури и ако таа се покаже премногу нереална, останува можноста за платонската природа на математичките идеи – која можеби го крие клучот за сфаќањето на нашата сопствена реалност“.

- Реклама -