Зелка – вкусен зеленчук кој ги лечи овие болести

Благодарение на нејзините богати витамински состојки, не е премногу да се каже дека зелката е вкусен зеленчук кој претставува своевиден лек за нашиот организам.

Освен фактот што има само 40 калории во 100 грама, зелката содржи и значителни количини фосфор, калциум, калиум и сулфур, железо, бакар, цинк и магнезиум. Особено е богата со витамин Ц, но и витамините А, Б1, Б2. Т.

Докторите ја препорачуваат во секојдневната исхрана, а особено на лицата кои ги имаат овие проблеми:

Слабокрвност

Зелката е богата со минерални соли, витамини и хлорофил па се препорачува на слабокрвни лица кои би требало да ја јадат сирова или варена на пареа. Би било добро во текот на денот са се испијат по две чаши исцеден сок од зелка.

red_cabbage

Чир на желудникот

Тир неполни чаши сок од свежа зелка на ден се добар лек за чир на желудникот. Лекувањето се спроведува до оздравување и секако со консултации со компетентни лица.

Мамурлак

Мамурлакот може да се сузбие по земање две големи лажици сируп од црвена зелка. Сирупот можете да го направите така што на сокот од зелка ќе додадете еднаква количина шеќер и ќе варите на пареа додека не се згусне.cabbage-natural-cure-for-stomach-ulcer

Кашлица

Сирупот од црвена зелка ја смирува кашлицата. За сирупот потребно е ситно да изрендате главица црвена зелка, добро да ја изгмечите и да ја процедите, а потоа благо да ја загреете на околу 45 до 50 степени и да додадете три-четири супени лажици мед и два децилитри чај од слез. Благо промешајте ја смесата со дрвена лажица. Кога масата ќе се соедини, природно изладете ја и ставете ја во темно шише и држете ја на студено. Неколку пати дневно испијте по една супена лажица.

Оток и акни

Доколку се удрите отокот и модринките отстранете ги со помош на стариот лек. Доволно е два листа зелка да ставите на удреното место. Акните, лишаите и некои видови егземи се ублажуваат со облоги од листови или лосиони од сок од свежа зелка.

- Реклама -