Зеленски: Украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск.

Во градот, кој е најголем кој Украина наводно го зазела досега, пред војната живееле околу 5.000 луѓе.

Природниот гас тече од западносибирските гасни полиња преку цевководи кои минуваат низ Суџа и ја преминуваат украинската граница за да влезат во украинскиот систем.

Прочитајте и:  „Волстрит журнал“: Воените загуби на Русија и Украина достигнале над еден милион убиени и ранети
- Реклама -