Зеленски: Цела Украина мора да биде слободна

Киев, 19 септември 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на некого може да му се чини дека по серијата победи на вооружените сили на Украина, дошло до одредено затишје, но нагласи дека тоа е подготовка, бидејќи, како што истакна, цела Украина мора да биде слободна.

Во синоќешното видео-обраќање тој соопшти дека украинските сили ги ослободиле Изјум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но оти ќе бидат ослободени и Мариупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина, пренесува Укринформ.

„Можеби сега на некого од вас му се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната серија. За следната серија на многу важни зборови за сите нас, кои мора да се слушнат. Затоа што Украина мора цела да биде слободна“, рече Зеленски.

Прочитајте и:  Украина: Се бориме за целосно ослободување на окупираните територии

Тој повтори дека Киев не само што ќе ги ослободи териториите што ги контролираше пред руската инвазија, туку и делови од Донбас и полуостровот Крим кои се под руска окупација од 2014 година.

- Реклама -