Зеленски: Свесни сме дека Русите сè повеќе ќе ги интензивираат нападите, но ние ќе одговориме, силно

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека со доближувањето на зимата руските напади со беспилотни летала и ракети врз Украина ќе станат посилни, но дека Украина силно ќе одговори.

„Оваа ноќ имаше напади со околу четириесет дронови ‘Шахед’. Повеќе од половината од нив беа соборени… Чуварите на небото беа ефективни на територијата на десет региони – Харков, Запорожје, Херсон, Николаев, Одеса, Киев, Кировоград, Виница, Хмелницки, Лавов… Свесни сме дека, како што наближува зимата, руските терористи ќе се обидат да направат поголема штета. Ние ќе му одговориме на непријателот. Силно“, рече Зеленски на својот канал на Телеграм.

Руските војници синоќа ја нападнаа Украина со околу 40 беспилотни летала „Шахед“ и со наведуваната ракета „Х-59“, јави агенцијата Униан, додавајќи дека украинската воздушна одбрана уништила 24 беспилотни летала и ракетата.

Прочитајте и:  Претседателот на Финска: Доналд Трамп треба да биде сфатен сериозно за планот за завршување на војната во Украина

Повеќето од беспилотните летала беа испукани врз Лавовскиот регион, вкупно 16.

МИА

- Реклама -