Зеленски: Секој руски напад ќе добие воен, политички и правен одговор

Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил.

„Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите руски напади ќе добијат воен, политички и правен одговор“, истакна Зеленски во своето секојдневно обраќање.

Претходно денеска, Зеленски ја посети линијата на фронтот во близина на градот Бахмут и се сретна со припадници на украинската војска.

МИА

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид
- Реклама -