Зеленски се јави од центарот на Киев: Тука сум, не ги оставаме оружјата (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од центарот на Киев за да демантира дека наредил украинските сили да се предадат и дека ја напуштил земјата.

„Не верувајте на лагите“, напиша Зеленски на Твитер, испраќајќи порака дека Украинците ќе продолжат да ја бранат својата земја.

„Има многу лажни информации дека сум наредил украинската армија да се предаде. Слушајте ваму, тука сум. Не ги оставаме оружјата, ќе ја штитиме нашата земја. Нашите оружја се нашата вистина, ова е наша земја, наши деца, и ќе ги браниме. Толку. Тоа е сѐ што сакав да ви кажам. Слава на Украина!“, порача Зеленски во видеото.

Во уште една објава на Твитер, украинскиот претседател соопшти дека утрово разговарал со францускиот колега Емануел Макрон, кој го известил дека оружје и опрема од партнерите на Украина се на пат кон земјата. „Анти-воената коалиција работи!“, напиша Зеленски.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -