Зеленски: Руските ракети над Молдавија и Романија се предизвик за НАТО и колективната безбедност

Неколку руски проектили прелетале над Молдавија и Романија, која е членка на НАТО, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, тоа е „предизвик“ за Алијансата и колективната безбедност.

„Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава. Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор на Молдавија и Романија. Овие проектили се предизвик за НАТО и колективната безбедност“, рече Зеленски во видео пораката објавена на Телеграм.

„Ова е терор што може и мора да се запре“, додаде тој.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Блинкен: Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор
- Реклама -