Зеленски: Рускиот напад врз ТВ кулата во Харков е дел од кампањата за заплашување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот ракетен напад со кој беше уништена телевизиската кула во Харков е дел од тековните напори на Кремљ да го заплаши населението на вториот по големина град во Украина, кој беше под интензивирани напади во последните неколку недели.

Целта на нападот беше „теророт да се направи видлив за целиот град и обид да се ограничи поврзаноста на Харков и пристапот до информации“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Североисточниот дел на Харковската област се наоѓа на линијата на фронтот од околу 1.000 километри, каде што украинските и руските сили се борат повеќе од две години од инвазијата на Москва врз Украина. Линијата на фронтот не е многу променета во услови на војна на исцрпување, која главно се води со артилерија, дронови и во ровови.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Од крајот на март, Русија го засили притисокот врз Харков, очигледно за да го искористи недостигот на украински системи за противвоздушна одбрана. Руските единици ја погодија локалната електрична мрежа и гаѓаа станбени блокови.

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри, речиси во средината, по што дел од неа се урна и дојде до прекин на програмата. 

- Реклама -