Зеленски: Недоаѓањето на Бајден на миривниот самит за Украина ќе биде аплауз за Путин

Американскиот претседател Џо Бајден треба следниот месец да присуствува на планираниот мировен самит во Швајцарија за Украина со цел средбата да биде успешна, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во Брисел.

Отсуството на Бајден ќе биде од корист за рускиот претседател Владимир Путин, кој издаде наредба за инвазија на Украина во 2022 година, рече Зеленски, пренесе Хина.

Украина се надева дека ќе биде домаќин на што е можно повеќе земји во обид да го обедини меѓународното мислење за тоа како да се запре војната и да се изврши притисок врз Русија, која веќе зазеде речиси една петтина од територијата на Украина.

Вашингтон даде поддршка за самитот, но не кажа дали Бајден ќе присуствува на него.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

-Знаеме дека САД го поддржуваат самитот, но не знаеме на кое ниво, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александер Де Кро.

„Отсуството на Бајден би било аплауз за Путин“, рече тој.

Зеленски пред два дена побара од Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг, блискиот сојузник на Путин, да присуствуваат на самитот.

Русија неколку пати наведе дека не гледа никаква смисла за учество на оваа најавена конференција.

- Реклама -