Зеленски нареди општа мобилизација, на мажите од 18 до 60 години им е забрането да ја напуштат земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди општа мобилизација, јавија украински медиуми.

Зеленски потпишал декрет со кој се наредува мобилизација на сите регрути и резервисти на целата територија на Украина.

Поради воената состојба, украинското Министерство за внатрешни работи им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -