Зеленски на сојузниците ќе им претстави „План за победа“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вчера разговарал за „Планот за победа на Украина“.

Украинскиот претседател додаде дека планот вклучува неколку точки: воени, политички, дипломатски и економски.

„Неопходните чекори се јасно дефинирани и ќе ѝ овозможат на Украина најсилни позиции за постигнување мир – вистински и праведен мир“, напиша Зеленски на платформата Икс.

Тој додаде: „Ништо невозможно не постои во овој план. Над 90 отсто од него е веќе изработен.“

„Следната недела ќе го претставиме нашиот План за победа на нашите сојузници. Благодарен сум на сите во светот кои стојат со Украина и ни помагаат да го одбраниме животот, напиша Зеленски.

Прочитајте и:  Путин го потпиша указот за зголемување на Вооружените сили за речиси 1,5 милион војници
- Реклама -