Зеленски: На САД ќе им презентирам план за завршување на војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека на САД ќе им претстави план за завршување на војната со Русија.

Тој истакна дека мировниот план ќе му биде претставен на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, како и на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден.

– Планот ќе вклучува дипломатски и економски чекори, независни од украинската инвазија на Курск, што е исто така дел од стратегијата за охрабрување на Москва да почне мировни преговори, посочи Зеленски.

Тој претходно изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета, но не откри детали за оружјето.

Во меѓувреме, главниот воен командант на Киев, генерал Олександр Сирски изјави дека продолжува украинската офанзива врз руската територија Курск.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

– Украинските сили контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и сто населби, а заробија 594 руски војници, посочи генерал Сирски.

Тој истакна дека една од целите на украинската инвазија врз Курск беше „повлекување на значителен број непријателски трупи од другите подрачја“ како што се Покровск и Куракхова во Донбас, и оти успешно е постигната таа цел.

- Реклама -