Зеленски критикува за дипломатските средби без Украина

Зеленски критикува за дипломатските средби без Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одложи планираната посета на Саудиска Арабија, која требаше да се одржи на 10 март. Тој изрази незадоволство поради средбата меѓу претставници на Русија и САД, нарекувајќи ја „разговори за Украина без присуство на Украина“. Според него,не сакал неговата посета на Саудиска Арабија да биде поврзана со овие дискусии.

Зеленски истакна дека украинската страна за средбата меѓу руските и американските претставници дознала од медиумите.

– Информацијата за средбата ја добивме од медиумите. Не знам кој ќе остане, кој ќе замине и кој планира да учествува.Искрено, не ми е важно. Она што навистина ме интересира е како нашите партнери нè гледаат. Ние сме целосно транспарентни и искрени и сакам да избегнеме какви било недоразбирања – изјави Зеленски на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, одговарајќи на прашање на новинар од Укринформ.

Тој нагласи дека со турскиот лидер разговарале за можните решенија и глобалните процеси што би можеле да доведат до крај на конфликтот. Според него, за постигнување вистински и траен мир, неопходно е да се избегнат грешки.

Зеленски посочи дека какви било обиди за договарање на крај на војната не смеат да се случуваат без учество на непосредно засегнатите страни.

По средбата, Ердоган изјави дека Турција би можела да биде соодветен домаќин за разговори меѓу Русија, Украина и САД со цел да се направат чекори кон евентуално решавање на конфликтот.

Покрај тоа,и Србија ја изрази подготвеноста да биде домаќин на наредните преговори за можен мир во Украина.