Зеленски: Ќе биде тешко да се врати Крим, а уште потешко да се врати Донбас

Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со студентите во Миколаев.

„Ќе биде потешко со Донбас. Верувам дека териториите се враќаат на народот. Ако луѓето не го сакаат тоа, ќе биде многу, многу тешко. Мислам дека е психолошки потешко да се врати Донбас, бидејќи таму има постојани конфликти веќе десет години“, рече тој, посочувајќи дека во тие борби загинале многу луѓе.

Според Зеленски, неговите партнери му рекле дека е невозможно да се врати Крим и дека е многу тешко да се врати Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сомневање дека Украина некогаш ќе стане членка на Северноатлантската алијанса.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

„Не знаеме точно што ќе се случи… Никој нема да ви каже со сигурност дали ќе бидеме во НАТО или не. Сакаме, но…“, рече Зеленски.

Тој уште еднаш повтори дека Киев ги прифаќа стандардите на НАТО и дека мора да направи сè „националната безбедност да биде на највисоко ниво“, пренесува Спутник.

МИА

- Реклама -