Зеленски го посетил Змиски Остров: Овој остров никогаш нема да биде освоен од окупаторот, како и Украина (ВИДЕО)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посетил Змискиот Остров во Црно Море.

Островот се најде во фокусот на светската јавност уште на почетокот на инвазијата, кога беше објавена аудио снимка на која украинските војници стационирани таму одбиваат да се предадат и на рускиот брод му порачуваат да „оди да се е*е“, што стана парола на украинскиот отпор против руската агресија.

„Денеска сме на Змиски Остров, кој никогаш нема да биде освоен од окупаторот, ниту цела Украина, бидејќи ние сме земја на храбрите“, изјави Зеленски.

Тој посочи дека на 500-от ден од целосната инвазија, Змиски Остров е слободен остров во слободна Украина.

„Благодарен сум на сите кои се бореа овде против окупаторите. Одржавме комеморација на хероите кои ги дадоа нивните животи во оваа битка – една од најважните во целокупната војна. Слава на секој кој се бори за безбедноста во нашето Црно Море“, порача Зеленски во видеото објавено денеска, но без датум, на кое се гледа како положува цвеќе на споменикот на островот и венци во водата во чест на загинатите.

Прочитајте и:  Ким Џонг-Ун нареди масовно производство на дронови камикази

Москва го зазеде Змиски Остров кратко по почетокот на инвазијата. Украинските војници беа заробени (иако првично беше објавено дека сите загинале), но подоцна беа разменети за руски затвореници. Украинските сили повторно го зазедоа островот во јуни минатата година.

- Реклама -