Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор, соочени со, како што кажа, очекуваните руски напади врз цивилната инфраструктура оваа зима.

-Улогата на нашата земја сега, колку и да е тешка, е да не изгуби сила и да не дозволи непријателот да преземе иницијатива, рече Зеленски во видео обраќање.

Руските сили минатата зима, помеѓу октомври 2022 и февруари 2023 година, се обидоа да ја уништат електричната мрежа на Украина со масовни напади што доведоа до чести прекини на струја и недостаток на греење низ целата земја.

Зеленски им се заблагодари на војниците и командантите за нивната „отпорност и храброст“, бидејќи се наближуваат најстудените месеци од зимата.

Прочитајте и:  Руте повика на поголема помош за Украина за време на претстојната студена зима

Оваа зима, властите предвидуваат дека земјата повторно ќе се соочи со истите предизвици како минатата година. Во октомври, претседателот Зеленски предупреди дека Русија веројатно ќе се обиде да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина.

- Реклама -