Зеленски ги посочи причините за напредокот на руските сили на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посочи причините за напредокот на руските сили на линијата на фронтот, меѓу кои се недоволна количина опрема од сојузниците за опремување на 14 украински бригади, пренебрегнувањето на животите на војниците во руската армија и отсуството на дозвола Украина да уништува воени цели на територијата на Русија со западно оружје.

Зеленски ова го изјави во интервју за француските медиуми, цитирано од агенцијата Укринформ.

– Постојат неколку причини за напредокот на Русите на фронтот. Ако ги отстраниме, ќе бидеме способни да ги запреме. Веќе не криеме дека подготвуваме 14 бригади, кои сакаме да ги опремиме со воена опрема. Тоа се бригади кои треба да ја заштитуваат нашата територија и да послужат како резерва, што ќе овозможи на другите војници да се одморат на ротациона основа, а овие бригади да можат да ги заменат. Кога соодветните пратки со оружје ќе бидат готови, ќе ги опремиме овие 14 бригади. Според вас, ако само три од вкупно 14 бригади се опремени, ќе можеме ли да ја запреме (руската офанзива)?“ праша украинскиот лидер.

Според него, кога неодамна биле дискутирани пакетите од европска и американска воена помош, тие се однесувале главно на снабдувањето на 14-те бригади со оружје.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

– Искрено кажано, барем на 10. Бидејќи момчињата што се на бојното поле, имаат потреба од ротација. Тие имаат потреба од одмор. А како да ја осигуриме ротацијата, ако бригадите што треба да ги заменат, не се вооружени,“ рече тој.

Втората причина, додаде Зеленски, е дека Русите што напредуваат се плашат да се повлечат. – Таму ги убиваат ако се вратат, и тоа е вистината,“ рече тој и додаде дека Путин не се грижи за своите луѓе, „не ги брои“.

– Се разбира, кога имате таква разлика во пристапот кон слободата и правата на луѓето со вашиот непријател, треба да имате и друга предност. А другата предност се, пред сè, оружјата и технологиите, рече Зеленски.

Како трета причина за рускиот напредок тој ја посочи невозможноста да се користи западно оружје за уништување на воени објекти на територијата на противникот.

– Што би направиле, ако знаете дека на 30, 60 или 100 километри од границата Русите имаат ракетни системи за рафален оган, авиони што не бомбардираат, или други оружја, вклучувајќи „Град“ и С-300, кои ги користат од Белгород, знаејќи дека немаме право да ги уништиме нивните оружја? Ние сме во недоумица што да правиме, појасни Зеленски.

- Реклама -