Зеленски: Ги победивме Русите без оружје, сѐ повеќе од нив бегаат назад (ВИДЕО)

„Секој окупатор треба да знае дека ќе наиде на жесток отпор од Украинците, така што засекогаш нека запамети дека нема да се откажеме“, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата.

„Ние сме народ кој ги урна непријателските планови за една недела. Плановите што се граделе со години се гнасни, пресметани, со омраза кон нашата земја, кон нашиот народ, кон секој народ што има две работи: слобода и срце. Но, ние го запревме нивниот план“, рече украинскиот претседател во обраќањето.

„Нашата армија, нашата гранична полиција, нашата одбрана, дури и обичните земјоделци ја заробуваат руската армија секој ден. И сите велат само едно – не знаат зошто се тука“, нагласи тој.

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел

Како што рече лидерот на Украинците, и покрај тоа што руските сили се 10 пати побројни, „моралот на непријателот постојано се влошува и сѐ повеќе окупатори бегаат назад во Русија“.

„Го победивме непријателот без оружје. Искрено им се восхитувам на херојските цивили од Конотоп, Баштанка, Енергодар, Мелитопол и другите градови и села во Украина, кои не дозволуваат окупаторите да напредуваат. Цивилите им ги блокираат патиштата, излегуваат пред непријателските возила. Тоа е многу е опасно, но исто толку е екстремно храбро“, подвлече Зеленски.

- Реклама -