Зеленски: Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина

Американските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Добри вести од министерот (за одбрана Рустем) Умеров. Тенковите Абрамс се веќе во Украина и се подготвуваат да ги зајакнат нашите единици“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе ѝ бидат доставени на Украина оваа недела.

Украинскиот претседател минатата недела соопшти дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.

МИА

Прочитајте и:  Блинкен: Вклучувањето на Севернокорејците во непријателствата во Украина ќе добие силен одговор
- Реклама -