Прототипот на купе со четири врати од висока класа, кој Kia го покажа на салонот во Франкфурт пред две години, влегува во сериско производство.
Оваа го тврди британското списание Auto Express, кој напоменува дека новината би можеле да ја видиме кон крајот на оваа или идната година. Веста ја потврди потпретседателот на европското одделение на брендот Бени Ојен, одговорен за маркетинг и производно планирање.
Во моментов Корејците ги финализираат финансиските параметри за проектот. Со добивање зелено светло, Kia GT ќе им биде конкурент на автомобили како Audi A7, BMW 6 Gran Coupé, Mercedes-Benz CLS и Porsche Panamera. Прототипот од Франкфурт 2011 беше опремен со 3.3-литарски V6 мотор со моќност 389 КС, во спрега со осумстепена автоматска трансмисија.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.