Американските медиуми јавуваат дека претседателот Џо Бајден дал согласност Украина да употреби американски проектили и оружје со долг дострел за напади во внатрешноста на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бараше да се укинат ограничувањата за користење ракети со долг дострел. Одлуката, која засега не е официјално потврдена од Белата куќа или од Пентагон, доаѓа во критичен момент за Украина кога нејзините сили на истокот се под силен притисок на руската армија која напредува во тој дел на фронтот.
Денеска украинската енергетска инфраструктура беше цел на интензивни ракетни и напади со дронови.