Како и сè друго во животот, така и сексот може да стане зависност. Тоа на прв поглед звучи добро, но може да биде опасно за луѓето, бидејќи за оваа интимност се потребни двајца.
И ако вториот не е на располагање и нема ист интензитет на желба како „заболениот“, таа потреба може да бара и примена на сила поради задоволство. Сексуалната зависност го тера човекот да биде опседнат со мисли за секс и да чувствува постојана потреба да го практикува, бидејќи кај него се јавува незадоволена глад за него.
Човекот фантазира постојано за слични искуства и сè друго за него губи значење и смисла. Постојат различни нивоа на зависност, како и при секоја друга зависност. Понекогаш зависникот од секс дури не чувствува задоволство од она што се случува, а го прави тоа како некоја фикс идеја.
Друг пат за да не се досадува, постојано го тера партнерот да влезат во чудни улоги. Желбата за секс е убава и здрава, но кога е во нормални граници. За секој човек тие се различни, но има некои прифатени димензии, кои ако се преминат, треба да се запали црвената сијаличка во главата.
Знаци за сексуална зависност:
- Ако го користите константно сексот за да се ослободите од негативните емоции;
- Ако вашата работа или обврски во животот систематски страдаат од вашата сексуална обземеност;
- Ако чувствувате постојана незадоволеност и чувствувате дека силно го оптоварувате партнерот со вашата желба за секс;
- Ако секој втор ваш збор и мисла е поврзана со сексот, а однесувањето е надвор од нивото на либидото и годишните времиња.
Објавено во соработка со За Здравје.