Зекири: Територијалниот интегритет на државата е засекогаш забетониран, него го гарантираат сите членки на НАТО

Територијалниот интегритет и стабилноста на Република Северна Македонија се засекогаш забетонирани – тоа е придобивката од нашето членство во НАТО алијансата, изјави потпретседателот на СДСМ – Мухамед Зекири, во „24 анализа“ на „ТВ24“, во врска со наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, според кој се предлага прекројување на границите на Балканот.

Со тоа што Македонија е членка на НАТО, за нашиот територијален интегритет не се грижиме само ние, туку и сите членки на Алијансата, потенцираше Зекири.

Тоа што неретко се отвораат темите за прекројување на Балканот е резултат на отворените прашања со Босна и Косово, но тоа прашање засекогаш ќе биде затворено кога сите земји од Западниот Балкан ќе станат членки на ЕУ и границите нема да бидат потребни, смета Зекири, напомнувајќи дека официјална Љубљана секогаш официјално се залага за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

 

- Реклама -