Зекири: Ја вративме слободата во секоја пора во општеството

СДСМ постојано се менува и во овие четири години има направени многу кадровски освежувања – нешто што не е својствено за останатите партии кај нас, вели поранешниот потпретседател на партијата и актуелен генерален секретар на Владата – Мухамед Зекири, во разговор за „Локално“.

„СДСМ не само што ги донесе големите промени во земјава и ја придвижи кон евроинтеграциите, туку очигледни се промените и во секојдневниот живот во земјава, вклучувајки ја и најголемата придобивка – слободата, која ја донесе во секоја пора во нашето општество“, истакна Зекири.

Прашан дали СДСМ е поделена партија, а во контекст на снимките кои излегоа во јавноста на кои се слуша како министерката за одбрана Радмила Шекеринска изразува незадоволство од одредени политики, Зекири посочува дека во СДСМ паралелно има и единство и различни ставови на членството, при што не е исклучок ниту раководството. Тоа е здраво за една партија, констатира Зекири.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -