Потпретседателот на СДСМ – Мyxaмед Зекири, не штедеше критики во вчерашната дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Владо Мисајловски, во „24 Анализа“ на „ТВ24“. Зекири го пoткaчи и вицепремиерот за евроинтеграции од коалициониот партнер ДУИ – Бујар Османи, кој според него, не треба ни воопшто да биде министер.
Прашан од Мисајловски зошто не побара оставка од Османи поради неуспесите (во евроинтеграциите), Зекири рече:
„Ви кажувам јавно дека тој воопшто не требаше да биде министер. А дали си ја врши работата или не, покажуваат неговите резултати. Изиграва инспектор Мамли по државата, ви кажувам јавно“, рече Зекири.