Како најдобро да ја изгасите жедта

Летото веќе започна, a температурите го надминуваат и 35-от степен. Жедта е нешто што секогаш нè мачи на жештините. Затоа ни е потребен ефективен начин за справување со неа.

Зелен и црн чај

Чајот е одлично, па можеби и едно од најдобрите средства за рехидрација. Чајот, особено зелениот и црниот чај, содржат елементи кои го штитат организамот, но и кожата од штетното влијание на сонцето. Неколку чаши чај дневно се совршени за рехидрација и заштита во топлите летни денови.

Вода

Секако нема ниту еден пијалак што може да ја замени водата. Нормално, тоа е така бидејќи целото тело е изградено од вода и таа мора да се надополнува. Водата е идеално средство за рехидрација и треба да се пие двојно повеќе во лето отколку во зима. Доколку немате проблеми со желудникот или некои други здравствени проблеми, можете да се освежувате и со газирана вода, таа полесно ја гаси жедта, но не ја заменувајте во целост обичната вода. Во водата можете да додете неколку боровики или сок од лимон за полесно да ја изгасите жедта. Никако не консумирајте дестилирана или ледена вода.

Сокови

Соковите се добри за рехидрација на организамот, но треба да се внимава да не се користат концентрирани и многу благи сокови. Во летото користете сок кој е максимално разреден и со киселкаст вкус. Оние сокови кои не содржат многу шеќер, многу полесно ќе го намалат чувството на жед и ќе ви помогнат во топлите летни денови.

Во топлите летни денови избегнувајте:

– Директна изложеност на сонце

– Користење на алкохолни пијалаци (освен пиво во мали количини)

– Сончање без крем со содветен заштитен фактор

– Тешка физичка активност

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -