Здружение на угостители бара кафулињата цела година да работат до 1 часот по полноќ

Нема логика угостителските објекти да можат да работат секој ден до еден часот по полноќ само кога е распуст, велат од здружението за заштита на правата на угостителите „Хорекаши“, кое има поднесено барање до Министерството за економија за измена на Законот за угостителска дејност со која ќе се дозволи објектите да работат до 1 часот преку целата година.

Од здружението не ја гледаат причината кафулињата да не смеат да работат подолго од полноќ во текот на учебната година, особено што училишниот распуст ги афектира малолетниците, а на угостителите не им е дозволено да им точат алкохол, биле на распуст или не. Повеќе детали, како и одговорот од Министерството, прочитајте на „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

 

- Реклама -