Здравствените тегоби кои се облажуваат со ракија

Ракијата на балканскиве простори посебно си ја сакаме, ама си ја користиме и како лек. Се разбира, не треба де се претерува со „лечење“, ама во мали и добро темпирани количини може за кратко време да ни помогне кај одредени здравствени потешкотии.

На пример:

1. Болки во желудникот

Ако сте се накркале масен оброк и потоа трпите последици во вид на болка во желудникот, прст или два чашка ракија може инстантно да ги смири.

2. Забоболка 

Пивнете голтка ракија и чувајте ја десетина секунди на болниот заб, промучкајте ја во устата и потоа исплукајте ја. Повторете го ова два-три пати со кратки паузи, за да не го надразните премногу болното место, и забоболката може да исчезне или барем да стане поподнослива.

3. Воспаление на грло 

Кај воспаленијата на грлото предизвикани од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото. Топол чај со неколку лажички ракија исто така може да помогне.

4. Болки во грбот 

Лесно протријте малку ракија на болниот и вкочанет грб. Повторете ја постапката по неколку часа. За оваа намена посебно се препорачува ракија која се прави од остатокот од грозјето по ферментацијата, но може да послужи и друг вид ракија.

5. Вкочанет врат 

Како и кај вкочанетиот грб, болката во вратот може да се санира со ракија.

6. Ревматски болки 

Кај тие што страдаат од артритис, масажата со ракија е често средство за ублажување на болките во зглобовите.

7. Отоци 

Ракијата докажано ја лади кожата, па со тоа и корисно делува кај отоците. Болното место можете да го измасирате со ракија, или да му ставите облога со ракија. Имајте на ум дека ракијата по само неколку минути може да ја надрзани кожата, па облогите треба кратко да се чуваат на отеченото место.

8. Лоша циркулација 

Како што научивме од нашите баби и дедовци, чашка ракија по будењето ја размрдува забавената утринска циркулација.

9. Уролошки проблеми 

Ракијата со магдонос е добар сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.

10. Мачнини за време на возење 

Се разбира, овде ракијата е од помош исклучиво за совозачите, бидејќи возачите не смеат да пијат додека возат. За сите други кои имаат потешкотии за време на патувањата, ракијата може да им помогне да се решат од мачнините.

 

- Реклама -