Здравствени ризици од тетовирањето

Можеби не сте знаеле, испитувањата покажаа дека речиси половина од популацијата на возраст меѓу 18 и 35 години барем еднаш се истетовирале, а речиси една четвртина од нив се покајале за ова. Проценките, велат дека во оваа возрасна група спаѓаат околу 60 милиони луѓе, што значи дека околу 7,5 милиони од нив жалеат поради својата тетоважа.

Ако се позабавиме со оваа тема ќе откриеме безброј неочекувани, понекогаш шокантни проблеми што јавноста ќе треба да ги знае. Ќе се изненадиме колку често се случуваат компликации поврзани со мастилото, токсините, лузните  инфекциите.

Меѓу другото, неопходно е да се земат предвид долгорочните последици за имунолошкиот систем, патолошката интерпретација на примероците и многу други непредвидени ситуации.

Да тргнеме по ред.

Мастилото што се користи при тетовирањето знае да биде токсично, дури да содржи и канцерогени соединенија, покажа едно истражување што го спроведе данскиот завод за заштита на животната средина во 2012 година. Секое петто тестирано мастило содржи канцерогени хемикалии, а огромен дел од нив не ги имаат исполнето меѓународните здравствени стандарди, утврдиле властите во Австралија. Особено загрижува фактот дека канцерогени материи се откриени во дури 83% од примероците со црно мастило, убедливо најпопуларната боја за тетовирање.

Европската асоцијација за истражување на тетоважи и пигменти беше формирано во 2013 година за да и’ ги претстави на јавноста „основните факти на темата тетовирање“, нешто што тотално се игнорира кај младата генерација. Бариум, бакар, жива и други високоризични материјали се откриени во мастила. Официјалните податоци за мастилото наведени на пакувањето често пати не се совпаѓаат со состојките откриени за време на тестирањето.

Неодамна американската ФДА открила дека пигменти присутни во мастилото содржат индустриски бои за печатачи или бои за автомобили.

Патолозите известуваат дека мастилото за тетоважи се открива во лимфните јазли на човекот при вршење на биопсија.

Кога зборуваме за инфекции при тетовирање, најчесто мислиме на бактериски инфекции стафилококус ауреус/псеудомонас што најчесто се должи на недоволно чистата кожа или слабо стерилизираниот прибор. Стафилококните инфекции може да имаат сериозни последици, а понекогаш се опасни по живот, зошто се’ почесто се среќаваат бактерии отпорни на антибиотици.

Инфекциите се јавуваат кај 3% од тетовираните. Околу 4% од луѓето кои се тетовирале имале болка што траела повеќе од еден месец, додека чешањето може да трае и подолго од еден месец (кај 22% од испитаниците).

Во посериозни кожни заболувања поврзани со тетовирање според актуелната медицинска литература спаѓаат саркоидозата, лезиите и лупус. Некои од овие проблеми оставаат трајни лузни.

Прочитајте и:  Нутриционист откри што се случува кога пиеме кафе на празен стомак

Студиите, исто така покажаа „корелација помеѓу тетоважата и хепатитот Ц, дури и кај луѓето од ниско ризични групи. Тетовитаните лица би требало да се третираат како високо ризични и да им се понудат советувалишта и тестирање на хепатит“.

За ова да го сфатите уште посериозно, докажано е дека хепатитот е десет пати повеќе заразен од ХИВ, и за жал често се пренесува преку игли за тетовирање.

Оние што ќе се покајат поради тетоважата најчесто се изјаснуваат дека биле премлади кога решиле да го направат тоа, односно дека нивната тетоважа не одговора на денешниот начин на живеење. Значењето и перцепцијата за тетоважата постојано варира, без разлика дали истата прикажува име, лице, предмет…

Тетоважите секој ги толкува на свој начин во зависност од нивната предисторија и нивното предзнаење. Тие се динамични во смисол дека со тек на време добиваат поинакво значење.

Пример пред 28 години сте истетовирале бодликава жица на бицепсот, сигурно сте делувале креативно, уникатно и оригинално и сте се осеќале како главен шизик во маало. Уште посигурно е дека уште 15 луѓе ве имаат ископирано. Како и да е по одреден период и вие и тој сте исти пред очите на јавноста. Онака, и двајцата имате бодликави жици на бицепсот.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Тампа покажало дека 86% од студентите веруваат дека нивната тетоважа на видно место може да им попречи во потрагата по работно место.

Едно друго истаражување покажало дека испитаниците кои се постари се` помалку ги оправдуваат тетоважите, повеќето луѓе над 50-годишна возраст прифаќаат тетоважи кај професионалните спортисти, но не и кај докторите, професорите, претседателските кандидати.

Јасно е дека луѓето со широк круг пријатели помалку страдаат од оваа стигма и помалку се каат поради тетоважите во младоста. Исто така може да се заклучи дека ова чувство се јавува кога истите испитаници се наоѓаат во средина каде што нема тетовирани, без разлика дали тоа е на работното место или во образовна институција. Изложени на негативни реакции тие често размислуваат за отстранување на тетоважата.

Како што расте бројот на тетовираните, ласерските интервенции за отстранување на тетоважите се’ повеќе добиваат на конјуктурата и се бараат, со добар потенцијал за натамошен раст и развој како што ќе стареат младите и обилно истетовирани генерации.

Абе да не знаеш чоек што има ласер за вадење тетоважи!?

- Реклама -