Здравствени придобивки од малината

Убава вкусна и здрава, тоа се само неколку зборови со кои можеме да ја опишеме малината. Неа ја има на нашите простори, а балканскиот регион е добро познат произведувач на малина. Од малината можеме да правиме разни сокови, компоти, слатки и сл. и таа е доказ дека и здравите нешта можат да бидат вкусни.

Малината е богата со антоцијанини кои ѝ ја даваат прекрасната боја.  Лековита е и здрава, а нејзината лековита моќ е посилна дури и од онаа на јагодата и кивито. Таа освен што содржи антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали, штитат од одредени видови рак и други заболувања, најчесто предизвикани од пад на имунитетот, содржи и материи кои имаат бактерицидно дејство. Односно, малината е добар синергистички лек за лекување на разни бактериски и габични инфекции.

Прочитајте и:  Шест фактори на ризик за преддијабетес

Малината е водечко овошје за спречување на растот на туморите и превенција од нивно настанување тврдат експертите. Таа содржи докажани ензими кои го спречуваат растот на туморот, го подобруваат имунитетот и крвната слика.

Во народната медицина малината се користи против инфекции на уринарниот тракт, проблеми со белите дробови и црниот дроб. Малината може да помогне и во регулација на шеќерот и холестеролот во крвта. Таа едноставно е ефикасна за целиот организам бидејќи го подобрува и варењето и работата на цревата.

Содржи големи количини на витамин Ц, витамини од групата Б, витамин А и многу други корисни елементи и нема да згрешиме ако малината ја именуваме како едно од најкорисните овошја на нашите простори.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -