Здравко Чолиќ во целосна изолација: Што дочекав

Иако на многумина им е тешко да замислат, Здравко Чолиќ има 68 години и деновиве му е забрането движењето во Србија.

Властите таму забранија да излегуваат лица над 65 години, а Чола, според српските медиуми, сериозно ја сфатил самоизолацијата.

Story.rs пишува дека пејачот се изолирал од семејството и живее во посебно крило на својата вила во Белград. Од почетокот на вонредната состојба, тој не ги видел своите ќерки, Уна и Лара, кои се плашат дека може да му ја пренесат болеста на нивниот татко. Пејачот ја гледа само својата сопруга која му остава храна.

„Она што го искусив е дека се оддалечувам од сопствените деца во мојата куќа. Ова е ужасно, што доживеав“, и се пожалил Чола на својата сопруга.

- Реклама -